Пријател на избодениот Бугарин ја обвинува македонската полиција за инцидентот во Чаир

од Nikola Popovski

Бугарските власти да помогнат во лекувањето и транспортот на 29-годишниот Бугарин Драгомир Андонов, кој беше избоден со нож во Скопје, повикал неговиот пријател Петар Бозов кој е сведок на нападот во Чаир и бил дел од колоната од два автомобили кои поминувале низ скопската населба, каде што претежно се приврзаници на ФК Шкупи.

Тој во изјава за бугарска „Нова“ потврдил дека нема опасност по животот на неговиот пријател, која синоќ бил оперирана во градската болница „Свети Наум Охридски“ во Скопје. Како што се дознава, повреден е со остар предмет во пределот на стомакот, а му бил зафатен и црниот дроб.

Околу 18 часот бевме на влезот во Скопје. Пред тоа беа детално проверени сите бугарски автомобили околу присуство на оружје. Полицискиот кордон тргна да не придружува, но на автопатот тоа не се случи и не бевме добро чувани. Еден возач ме праша „Знаеш ли каде одиме?“ а јас му реков: „Да, по трасата што ни ја даде Левски. Патролно возило застана до нас и ги прашавме „Дали треба десно“ и тие рекоа „Да, продолжи, продолжи“. Токму ова е патот до населбата Чаир, вели пријателот на избодениот Бугарин.

Како што истакнал, скопската населба била надвор од безбедносната зона што претходно била посочена.

Македонската полиција многу добро виде колку бугарски автомобили свртеа и завршија во предметното опасната населба. Тогаш започна кошмарот. Се собраа огромна толпа мажи со албанско потекло. Удираа по автомобилите, го избодеа и 29-годишниот Драго. Не тепаа со метални предмети, имаше дури и канта со која не удираа, изјавил Бозов.

Адвокатот по професија во разговорот за бугарскиот медиум истакнал дека по нападот, македонската полиција им забранила да ја фотографираат штетата на возилата, а на разговорите во полициска станица не им било дозволено да имаат преведувач.

На крајот на краиштата, нашиот амбасадор во Северна Македонија преведуваше. Ниту еден наш сонародник, кој патуваше со неколку автомобили, не е организиран навивач или дел од агитацијата на тимот од Софија, категоричен е Бозов.

Тој, исто така, негирал дека учествувал во организирани тепачки.

Слични содржини