Пријавени два случаја на семејно насилство

од Vladimir Zorba

Два случаја на семејно насилство се пријавени вчера во полиција. Во првиот случај синоќа, во 23.50 часот во Битола полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Д.М.(39) од Битола.

Како што се наведува во МВР-билтенот, тој околу 21 часот физички ја нападнал неговата 41-годишна поранешна сопруга.

По целосно документирање на случајот, како што се наведува, ќе следи соодветен поднесок.

Во вториот случај, пак, вчера во 16.50 часот во СВР Скопје 49-годишна жена пријавила дека на подрачјето на Бит-пазар била нападната со тврд предмет од нејзиниот брачен партнер М.В..

Полицијата соошти дека презема мерки за расчистување на случајот.

Слични содржини