Принцот Хари: Помирувањето со кралското семејство е речиси невозможно

од Stefanija Kuzmanovska

Британскиот принц Хари изјави дека немал намера да му наштети на кралското семејство со објавувањето на својата автобиографија „Spare“, но се чини дека поради нејзината експлозивна содржина помирувањето е речиси невозможно, пренесува AFP.

„Би сакал татко ми да ми се врати, би сакал мојот брат да ми се врати“, рече Хари во интервју за британскиот телевизиски канал ITV пред објавувањето на мемоарите, додавајќи дека е „100 отсто“ убеден дека помирувањето е можно.

Медиумите пренесуваат дека сега никој, вклучително и Хари, не е поштеден од драмата што следи по објавувањето на книгата.

Во своите мемоари, Хари признава дека неговата адолесценцијата ја одбележале дрогата и алкохолот, а поради одлуката да ѝ ги открие на јавноста семејните тајни, неговата популарност во татковината паднала.

„Чарлс треба да биде крунисан на 6 мај, но навистина не гледам како би можело да биде можно семејно помирување бидејќи тој кажа толку многу работи што се очигледно навредливи за членовите на семејството“, наведе Полин Макларен, професорка на лондонскиот универзитет Кингс Холовеј и автор на книги за монархијата.

Принцот Хари откри дека татко му не го прегрнал кога му кажал дека мајка му Дајана починала кога имал само 12 години, туку го оставил сам во својата соба.

Слични содржини