Принцезата Дијана денес ќе наполнеше 59 години: На последниот роденден примила прекрасна честитка од Хари

од Aleksandar Petrovski

На денешен ден во 1961 година се роди Дајана Спенсер. На точно 20 години, Дајана се омажи за наследник на британскиот престол, принцот Чарлс и веднаш стана најпознатата жена на светот. Таа беше наречена „Народна принцеза“, а на последниот роденден доби дури 90 букети цвеќе, но не го прослави со пријателите, туку го направи она за што најмногу ја паметат.

Поранешната принцеза од Велс наполни 36 години на 1 јули 1997 година. Прославата уследи по една година откако таа се разведе од принцот Чарлс.

Дијана беше фокусирана на обнова на нејзиниот живот, како што рече во познатото интервју за магазинот Venity Fair, кое беше објавено вечерта на нејзиниот роденден.

Тоа роденденско утро, Дајана добила подарок од дизајнерот Жак Азагури: прекрасен црн фустан што го доставил во палатата Кенсингтон.
Принцезата добила и 90 букети цвеќе.

Во тоа време, 12-годишниот принц Хари бил во училиште во Беркшир.

Според биографијата „The Diana Chronicles“, напишана од Тина Браун во 2007 година, младиот принц ја повикал својата мајка и посакал среќен роденден, па дури и собрал неколку пријатели да и отпеат песна преку телефон.

Наместо да приреди раскошна роденденска забава таа вечер, Дајана присуствувала на добротворна церемонија за прибирање финансиски средства во лондонската галерија Тејт, во организација на Шанел.

Таа вечер, Дајана носела фустан што Азагури го направи за неа, што ќе стане едно од нејзините најпознати изданија.
Кога пристигнала на настанот, славната личност добила повеќе подароци, вклучувајќи балони и цвеќиња, од фановите собрани пред галеријата.

Дајана била придружувана на настанот од страна на нејзиниот брат Чарлс Спенсер. За жал, тоа ќе биде последен пат кога тој ја видел својата сестра.

Речиси два месеци по 36-от роденден на Дајана, на 31 август 1997 година, принцезата почина во сообраќајна несреќа во тунел во Париз.

Во говорот на нејзиниот погреб, нејзиниот брат Чарлс се потсети на нејзиниот последен роденден, велејќи дека таа „блескала“.

– Последниот пат кога ја видов Дајана беше на 1 јули, на нејзиниот роденден, кога, вообичаено за неа, немаше време да го слави специјалниот ден со пријателите, туку беше почесна гостинка на хуманитарна манифестација – рече тој.

Во последните месеци од нејзиниот живот, принцезата целосно се сврте кон хуманитарната работа и филантропија.

– Сега ништо не ми дава повеќе задоволство отколку да ги сакам и да им помагам на оние кои се најранливи во нашето општество – рече таа за Венити фер.

Слични содржини