Пристигнуваат нови количини вакцини, бројот на активни случаи падна под 500

од Берта Китинска

Денеска пристигнува нова количина на вакцините „Фајзер”, а до крајот на неделата, се очекуваат 500 000-те вакцини од „Синовак”. Според најавите на министерот за здравство Венко Филипче, со половина милион вакцини од „Синовак” ќе се вакцинираат околу 450 000 граѓани, пријавени на веб-платформата vakcinacija.mk. Во државата се аплицирани околу 450 000 дози, а ревакцинирани над 180 000 граѓани.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 105.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155 536, бројката на оздравени пациенти е 149 628, на починати е 5 471, а бројот на активни случаи изнесува 437.

Слични содржини