Притвор за уапсените во акцијата за шверц на дрога

од Берта Китинска

Шестмината уапсени во полициската акција и американската ДЕА, за нелегална трговија со 200 килограми марихуана добија по триесет дена притвор.

Скопскиот кривичен суд одредил триесет дневен притвор за шестмината осомничени за шверц на марихуана приведени во акцијата на Министерството за внатрешни работи во петокот во близина на Плетвар, јавија повеќе медиуми.

Тие се повикуваат на извори од обвинителството кои велат дека судот го прифатил нивното барање за одредување мерка притвор за „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” кривично дело кое е предвидено и казниво по член 215 став 3 од Кривичниот законик.

Полицијата викендов информираше дека до ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција поднеле кривична пријава против криминална група составена од Д.Ј.(35) од Струмица, организатор на групата, и А.У.(45) од Скопје, М.З.(29) од Куманово, М.С.(36) од Битола, К.С.(46) од Прилеп, Г.К.(25) од Скопје за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги. Според соопштението, канабисот се превезувал во комбе, пред него возеле две возила, а акцијата била изведена кај селото Раец, на патот Прилеп-Росоман.

„Биле запрени патничко возило ауди А8, со скопски регистарски ознаки во кое биле пријавените К.С. и М.З.. Веднаш потоа е запрено патничко возило дачија дастер со скопски регистрски ознаки, управувано од А.У, каде како сопатник бил Г.К., а зад нив и товарно возило комбе, во кое се наоѓала поголема количина дрога, спакувана во 40 картонски кутии во кои имало 400 полиетиленски пакувања со вкупно 200 килограми марихуана. Во Прилеп во исто време е лишен од слобода М.С., кој управувал товарно возило ивеко, со битолски регистарски ознаки, а во Гевгелија на бензинска пумпа е уапсен организаторот Д.Ј., кој управувал возило опел астра, со скопски регистарски ознаки,“ информираше МВР.

Слични содржини