Приведен бездомник за пожарот во „Ранка Милановиќ”

од Stefanija Kuzmanovska

На 30.12.2022 во 23.00 часот на ул.“Перо Наков“ во Скопје од полициски службеници од СВР Скопје бил лишен од слобода Д.А.(56) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека во домот „Ранка Милановиќ“ во Скопје, каде престојувал, предизвикал пожар, при што бил опожарен дел од објектот.

Од страна на Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема.

По целосното расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Слични содржини