Приведен криумчар на мигранти, пронајдени 11 лица од Сирија

од Vladimir Zorba

МВР соопшти дека вечерва околу 19 часот на регионалниот пат Стојаково – Богданци, полициски службеници го лишиле од слобода М.С. (63) од Скопје, кој во товарно моторно возило „ман“ со скопски регистерски таблички превезувал 11 мигранти од Сирија.

Откако возилото било запрено, од страна на полициските службеници бил воочен бункер меѓу кабината и товарниот дел, каде по детален преглед биле пронајдени мигрантите.

По документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Слични содржини