Продолжен работниот век на 6.000 лица кои не заминале во пензија на 64 години

Согласно законото решение, 6.000 лица на над 64 годишна возраст продолжиле да работат и не заминале во пензија.

Со новото пак, законско решение, се предвидува да се прподолжи работниот век до 67 години, но само за лицата вработени во здравствениот и образовниот сектор и тоа ако нема недостиг на кадар, информираше Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска.

„Адиминистративците треба да одат на 64 години, општеството нема потреба класичните административци да продолжат да работат“, истакна Шахпаска.

Исто така, таа потенцираше и дека законот кој се уште не е изгласан предвидува одење во пензија на 64 години и 15 години стаж, а жените можат да одат во пензија и со 62 години, доколку за тоа изразат волја, согласно со Законот за пензиско и инвалидско осигурување.

Шахпаска вели дека опозицијата требала да има слух за овој закон и доколку тој бил усвоен пред Нова година, 4000 работници постари од 64 години ќе заминеле во пензија, а до крајот на 2021 дополнително ќе се пензионирале уште 2000 односно вкупно 6000 граѓани со наполнети 64 години.

 

Слични содржини