Продуцентот на Бијонсе уапсен за сексуална злоупотреба

од Vladimir Zorba

Музичкиот продуцент Ноел Кристофер Фишер беше уапсен во средата поради низа наводни сексуални напади, соопшти шериф од Лос Анџелес.

Имено, продуцентот кој е попознат како „Дитејл“ работел за Бијонсе и раперот Лил Вејн, како и за други познати sвезди, а покрај тоа тој освои Греми за песната на Бијонсе „Drunk In Love“ за најдобра песна Rnb и најдобра изведба на Rnb на сцената за 2015 година година.

Според странските медиуми, тој е обвинет за 15 сексуални напади, кои, наводно, се случиле помеѓу 2010 и 2018 година, а кауцијата за да се брани од слобода изнесува 6,3 милиони долари.

Патем, минатата година, манекенка и пејачка освои тужба во вредност од 15 милиони долари во Лос Анџелес, кога го обвини за силување и злоупотреба.

Слични содржини