Проф. д-р Трајковски: Четвртиот пик нема да ја има силината на претходниот

од Берта Китинска

Четвртиот пик нема да ја има силината на претходниот, вели во Утрински брифинг професор д-р Дејан Трајковски.

-До пред 4-5 дена намалувањето на епидемијата одеше регуларно со постојано намалуање на двните бројки. Но во последните 3-4 дена забележуваме извесен пораст на тој репродукционен број, кој се уште е во прифатлива територија под 1. Но доколку продолжи оваа негативна тенденција можеби и ќе дојде до извезно зголемување на бројките, изјави Трајковски.

Тој вели дека моментално според бројот на прележани ние сме поминале околу 89 до 90% од пандемијата.

-Дури и не очекувам пораст на репродукциониот број значително над единица. Моментално според бројот на прележани ние поминавме околу 89 до 90% од пандемијата. Значи до крајот ние би имале не повеќе од 10.000 дијагностицирани, но тоа временски ќе трае подолго и како некоја опашка ќе се влече уште многу месеци со ниски бројки, но за среќа нема да ги покачи премногу бројките. Дури прашање е дали ќе надминеме и број од 100.000 новодијагностицирани, вели Трајковски.

Слични содржини