Пронајдено тело на езерото, каде што исчезна актерката Наја Ривера

од Stefanija Kuzmanovska

Актерката Наја Ривера исчезна на 8 јули годинава на подрачјето на езерото Пиру, кога се возела со брод со својот четиригодишен син, а таа се бара уште од тогаш.

Се претпоставува дека Наја се удавила, а сега полицијата објави дека е пронајдено тело денеска во утринските часови, но без да открие дали е тоа, јавуваат странските медиуми.

„Телото е пронајдено на езерото Пиру утрово. Ќе има прес-конференција во 14 часот покрај езерото“, се наведува во соопштението.

Патем, Наја беше најпозната по улогата во серијалот „Glee“, а глуми и во „Devious Maids“ и „Step Up: High Water“.

Слични содржини