Протестите низ САД продолжуваат и покрај полицискиот час: Четворица полицајци ранети во Сент Луис, двајца повредени во Бафало (видео)

од Nikola Popovski

Четворица полицајци се ранети во престрелка во Сент Луис, Мисури, соопштуваат градските власти.

„Ранетите полицајци биле пренесени во окружната болница. Тие се свесни и дишат. Се верува дека нивните повреди не се опасни по живот“, напишано е на профилот на Твитер на градот Сент Луис, пренесува „Би-Би-Си“.

„Пукањето продолжува во градот и ние ќе објавиме повеќе информации што е можно поскоро“, изјавиле градските власти.

Возило налетало на полицајци во Бафало, двајца повредени

Двајца полицајци се повредени кога автомобилот влетал меѓу нив во Бафало, Њујорк.

Едниот од нив се здобил со сериозни повреди, но неговиот живот не бил загрозен, додека другиот е во стабилна состојба, соопштуваат од полицијата.

Слични содржини