Прва жртва на коронавирусот во Техеран?

од Nikola Popovski

Шеесет и тригодишна Иранка почина од, како што се сомнева, новиот коронавирус во болница во Техеран, јавија денеска иранските медиуми.

Државниот весник „ИРАН“ пишува дека жената починала на 10 февруари и дека е наложена истрага за нејзината смрт. Портпаролот на иранското Министерство за здравство, Кијанш Јаханпур, го негираше извештајот во медиумите.

„Немаме официјална потврда за новиот вирус во Иран“, рече тој.

Иранските здравствени служби во неколку наврати објавија дека нема потврдени случаи на коронарен вирус во земјата. Вирусот корона сега го носи службеното име Ковид-19. Досега во Кина починале 1.100 луѓе и потврдени се повеќе од 44.650 заразени лица. Стотици случаи се пријавени во повеќе од десет земји и територии низ целиот свет.

Слични содржини