Првите официјални фотографии од принцот Луис

од desk2

 

Кралското семејство ги објави официјалните фотографии на принцот Луис кој е роден пред помалк од две недели.

Фотографијата на која малиот принц е сам е снимена само неколку дена по неговото раѓање.

„Војводата и Војвотката сакаат да се заблагодарат на сите за убавите пораки по повод раѓањето на принцот Луис и роденденот на принцезата Шарлота“, се наведува под фотографиите објавени на Twitter.

На другата фотографија малиот принц го држи неговата тригодишна сестра, принцезата Шарлота. Фотографијата ја направи нивната мајка Кејт Мидлтон на 2 мај на прославата на третиот роденден на Шарлота.

Луис Артур Чарлс е роден на 23 април. Петти во низата за престолот во Кенсингтонската палата и шести правнук на кралицата Елизабета II.

Слични содржини