ПРВИТЕ СНИМКИ од разорниот земјотрес во Авганистан, загинаа најмалку 250 лица

од Stefanija Kuzmanovska

Во силниот земјотрес во Авганистан загинаа најмалку 250 луѓе, а стотици се повредени. Претставник на локалната влада изјави за Би-Би-Си дека бројот на загинати најверојатно ќе продолжи да расте.

Земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала погоди делови од густо населените Авганистан и Пакистан во раните утрински часови, соопшти Американскиот геолошки институт (USGS).

Земјотресот ја погодил областа на околу 44 километри од градот Хоста во југоисточен Авганистан, а епицентарот бил на длабочина од 51 километар, соопшти USGS.

Фотографиите и видеата објавени на социјалните мрежи покажуваат повредени луѓе на носилки, урнатини и уништени куќи во провинцијата Пактика.

Земјотресот е почувствуван на околу 500 километри во Пакистан, Авганистан и Индија, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).

Повеќето од потврдените смртни случаи се регистрирани во провинцијата Пактика, изјави Мохамад Насим Хакани, шеф на управата за управување со катастрофи на талибанската влада.

Забележани се и смртни случаи во источните провинции Нангархар и Коста, додаде тој.

Слични содржини