Прво огласување на ЕУ по смртта на Навални: „Ја сметаме Русија за одговорна“

од Stefanija Kuzmanovska

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, се огласи по веста дека рускиот опозициски лидер Алексеј Навални починал во затвор во Русија.

„ЕУ ја смета Русија за исклучително одговорна за смртта на Алексеј Навални. Изразувам длабоко сочувство до неговото семејство и оние кои се борат за демократија ширум светот во најмрачните услови“, напиша Мишел на X.

Тој додаде дека борците умираат, но борбата за слобода никогаш не завршува.

Да потсетиме, канцеларијата на Федералната поправна служба на Русија за автономниот округ Јамало-Ненец објави претходно денеска дека починал Алексеј Навални, кој таму издржуваше затворска казна.

Навални беше познат како жесток критичар на Кремљ.

Слични содржини