Прво огласување на Кремљ за соборувањето на „Иљушин“: „Киев изврши апсолутно монструозен чин“

од Stefanija Kuzmanovska

Киев изврши апсолутно монструозен чин соборувајќи го рускиот авион „Ил-76“ со украински војници кои требаше да бидат разменети следниот ден, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Размената на затвореници е процес кој се одвива во целосна тишина. Тоа што Украинците ги убија своите затвореници, нивните граѓани, кои буквално требаше да бидат дома следниот ден, е апсолутно монструозен чин“, нагласи претставникот на Кремљ.

Тој се согласи со украинскиот претседател Зеленски дека е неопходно да се организира меѓународна истрага за овој случај.

„Ако мисли на меѓународна истрага за криминалните дејствија на режимот во Киев, тоа секако е неопходно“, изјави претставникот на Кремљ.

Додава дека сè уште никој не може да каже како катастрофата ќе влијае на можноста за продолжување на размената на затвореници. Размената на затвореници е процес кој се одвива во целосна тишина, објасни Песков.

Како што истакна, рано е да се зборува за какви било инструкции од рускиот претседател Владимир Путин во врска со соборувањето на авионот „Ил-76“, прво армијата мора да каже што се случило.

Слични содржини