Прво СДСМ да го усвои нашиот Закон за енергетика, потоа ние ќе гласаме за задолжувањето кај ЕБОР, вели Мицевски

од Берта Китинска

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата достави барање до Собранието за одржување на итна седница на која ќе се разгледува Предлог законот кој го поднесоа, а се однесува на Законот за енергетика.

„Во мерките кои што Ковачевски ги презентираше слушнавме дека ќе добиваат поевтина електрична енергија образовните и јавните здравствени установи но случајно или не ги изостави водостопанските и комуналните претпријатија кои што поради високите цени на електрична енергија имаат проблеми со ликвидноста што во следниот период може да доведе до повисоки сметки за домаќинствата и стопанството. Како одговорна партија бараме целосно, а не ппарцијална прифаќање на нашиот предлог. Со Предлог законот за енергетика кој што ВМРО-ДПМНЕ го поднесе во самиот текст опфатени се и водоводните и комунални претпријатија кои што имаат огромни трошоци за електрична енергија.Ајде прво да ги изгласаме овие измени на законот, па потоа да ги изгласаме и задолжувањето кај ЕБОР и сите оние конфузни предлог мерки кои што ги слушнавме во текот на вчерашниот ден,“, образложи Координаторот на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.

Опозициската партија побара од СДСМ да го поддржат нивниот Закон за енергетика. Со тоа, како што рече Мицевски, ќе покажат дека се грижат за граѓаните и за стопанството.

Во предлог законот на ВМРО-ДПМНЕ покрај училиштата и здравствените уставови опфатени се и водостопанските и комуналните претпријатија.

Слични содржини