Пудинг од ориз со лаванда

од desk4

Пудингот од ориз ќе биде уште повкусен ако го зачините со малку сушена лаванда.

СОСТОЈКИ
2/3 чаша ориз
1/2 чаша шеќер
2 пакетчиња ванилин шеќер
2 лажички сушена или свежа лаванда
1 литар млеко

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА
Изберете ориз кој треба да е класичен, бел, и да не е со долго зрно бидејќи останува посув. Чашата за мерење треба да е класична, за млеко чаша. Со нејзе мерете ги сите состојки чии количини се мерат со чаша.
Исчистениот и измиен ориз полејте го со водата и ставете го да се вари. Кога ќе биде полуготов, додајте го млекото. Варете на тивко со повремено мешање, за да не се залепи. Откако ќе омекне оризот додајте ги ванилите, шеќерот и лавандата. Измешајте добро и вратете на оган уште 3-4 минути. Готовиот пудинг ставете го во чаши и посипете од горе со малку сушени (свежи) цветови лаванда.

Слични содржини