Претседателите на Русија и Белорусија, Владимир Путин и Александар Лукашенко, денеска повторно телефонски разговараа за состојбата во Белорусија и протестите по претседателските избори и ја потврдија нивната подготвеност заеднички да одговорат на надворешните закани, пренесува „Белта“.

Според прес-службата на претседателот на Белорусија, двајцата потврдиле дека во случај на влошување на состојбата заради надворешни закани, тие ќе реагираат заеднички, врз основа на договорот за сојуз на двете држави.

Кремљ соопшти дека двајцата лидери разговарале за ситуацијата во Белорусија по изборите, меѓу другото и за притисокот што доаѓа од надвор.

Слични содржини