Радев: Бугарија e втор центар на цивилизацијата по Византија

од Nikola Popovski

Не можеме да зборуваме за кирилицата без да го почитуваме придонесот на светите браќа Кирил и Методиј и нивните ученици, рече претседателот на Бугарија, Румен Радев кој учествува на Меѓународниот форум за кирилицата на тема „И ние сме му дале нешто на светот“.

Според него, благодарение на старата бугарска литература што никнала во Преслав и Охрид, Бугарија станала втор центар на цивилизацијата по Византија.

„Кирилицата, откако стана нашиот највреден подарок за човечката цивилизација, гради мостови“, истакнал шефот на бугарската држава и додал дека продолжува да им служи на десетици националности ширум светот.

Тој е дециден дека кирилицата има своја несомнена иднина во глобалниот свет.

Слични содржини