Радев до Вархеји за С. Македонија: Бугарија не верува во ветувања, потребни се конкретни решенија и гаранции

од Nikola Popovski

Декларациите и ветувањата во дијалогот со Република Северна Македонија повеќе не функционираат и Бугарија очекува јасни правно обврзувачки решенија што ќе доведат до одржливи и неповратни резултати. Само реалните резултати во дијалогот со Бугарија ќе го забрзаат процесот на европска интеграција за Република Северна Македонија, изјавил бугарскиот претседател Румен Радев за време на состанокот со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, објави БГНЕС.

-Бугарија очекува ефективни акции од институциите на Европската унија за воспоставување на вредностите на демократијата и почитување на човековите права во Република Северна Македонија, рекол денеска Радев за време на состанокот.

Постигнувањето напредок во процесот на европска интеграција на земјите од Западен Балкан бил во фокусот на разговорот меѓу Румен Радев и Оливер Вархеи.

-Бугарија е најзаинтересирана да ги види своите соседи во Европската унија, но за тоа е потребно целосно исполнување на Копенхашките критериуми за членство на Република Северна Македонија, особено почитување на човековите права и принципите на добрососедство, кои се во срцето на Европска соработка, нагласил бугарскиот претседател.

Заедничкиот став бил дека во процесот на европска интеграција на земјите од Западен Балкан и решавање на спорните прашања, најважен е директниот и отворен дијалог.

Оливер Вархеи ќе ја посети и Македонија, каде ќе оствари средби со раководството на земјата.

На средбата учествувал и министерот за надворешни работи Светлан Стоев. Румен Радев истакнал дека 120.000 бугарски државјани во Република Северна Македонија се државјани на Европската унија и нивната земја се потпира на поддршката на европските институции за ефективно почитување на нивните права.

Слични содржини