Радев: Ќе го предадам мандатот за формирање на влада кога партиите ќе бидат подготвени

од desk4

 

Денот на предавањето на мандатот на првата политичка сила за формирање влада ќе биде јасен кога партиите ќе гарантираат дека постигнале резултат во преговорите. Ова го изјави претседателот Румен Радев за време на посетата на Велико Трново, пренесе БГНЕС.
Мотивите на привремените министри да бараат смена на Иван Гешев беа во одбрана на законот, а одлуката на ССК да не го отстрани беше во одбрана на статус кво состојбата, која беше одбиена од бугарските граѓани.
Реформата на судството ќе им даде шанса на почесните бугарски судии да започнат вистинска борба против корупцијата, додаде претседателот.

Слични содржини