Раководството на Герешајмер импресионирано од локацијата и поддршката од Владата

од Vladimir Zorba

„Јас веќе 5 години живеам во С.Македонија и многу научив тука. Она што треба да го видиме овде, во фабриката, е што машините до крајот на годинава или почетокот на следната ќе почнат да работат. Ќе излезат добри продукти оттука, со висок квалитет кои ќе бидат испорачани до крајните корисници. Зoшто инвестираме во С. Македонија, во Скопје? Јасно гледам можност овде за постигнување на нашите цели.“ – рече Извршниот директор на Герешајмер, Дитмар Симсен во денешното обраќање пред присутните на официјалнито старт на изградбата на новата фабрика за медицинска пластика во Бунарџик.

Тој во обраќањето рече дека ќе бидат вработени околу 400 луѓе – вработени со висока мотивација.„Ја ценам големата поддршка од разни сектори, пред се од владата на Северна Македонија, а поддршката е потребна за една приказна да биде успешна“ – порача Симсен.„Бевме импресионирани од локацијата, од заложбите на Владата, како функционираат на високо ниво, видовме дека ќе имаме поддршка.“ – рече потпретседателот на Гересхaјмер, Оливер Бургел изразувајќи благодарност кон владата за поддршката и исполнетите ветувања.Ова е прва фабрика на реномираната германска компанија во Југоисточна Европа, а земјава беше избрана како поволна бизнис дестинација во конкуренција со Србија и Романија.

Слични содржини