Рама: Русија финансирала партии во Албанија и С. Македонија

од Vladimir Zorba

Во извештајот на ЦИА се заклучува дека Русија ја финансирала Демократската партија на Албанија, како и други политички партии во Северна Македонија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, за да ги дестабилизира тие земји. Ова го изјави албанскиот премиер Еди Рама за време на дебатите во парламентот оваа недела, пренесе агенцијата АТА.

„ЦИА конкретно забележа во својот извештај дека Демократската партија, заедно со една политичка партија во Северна Македонија, една во Црна Гора и една во Босна и Херцеговина, добиле руско финансирање со цел дестабилизација“, рече Рама за време на парламентарните дебати, побарани од опозицијата во Албанија во таканаречената „Афера Мекгонигл“.

Чарлс Мекгонигал е поранешен висок контраразузнавач на ФБИ обвинет во САД дека скрил од ФБИ клучни детали од неговото патување во Албанија во 2017 година со поранешен албански разузнавач кој наводно му дал најмалку 225.000 долари. Мекгонигал, кој беше началник на контраразузнавањето во регионот, исто така е обвинет дека работел за руски олигарх додека тој требало да го истражува, претходно објави Асошиејтед прес.

Слични содржини