Раониќ во четвртфиналето во Мелбурн по триумфот над Зверев

од Vladimir Zorba

Полуфиналистот во 2016 година, Милош Раониќ (Канада) го елиминира поставениот под број 4 во шемата Александар Зверев (Германија) и се пласираше во четвртфиналето на Отвореното првенство на Австралија во тенис.

Раониќ, кој е 16-ти носител, пласира 16 аса и оствари триумф над Зверев со 6:1, 6:1, 7:6 (5) по речиси два часа игра.

– Играв неверојатно денес, направив многу работи исклучително добро и сум многу горд. Целта денес беше едноставно да ги направам работите непријатни за него и поените да бидат што е можно пократки“, прокоментира Раониќ.

Во четвртфиналето, 28-годишниот Раониќ ќе игра со победникот од натпреварот помеѓу број 11, Борна Чориќ (Хрватска) и Лука Пуи (Франција).

Слични содржини