Раперот Буба Корели физички ја нападнал девојката (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Босанскиот рапер Амар Хоџиќ, попознат како Буба Корели, физички и вербално ја малтретирал својата партнерка, пренесува „Блиц“.

Порталот „Пинк.рс“ дошол до вознемирувачко видео. Имено, на самиот почеток на контроверзното видео јасно се гледа како раперот несреќната девојка П.Ц ја влече за коса и ѝ вика на сред улица.

После тоа раперот цело време ја следел и викал на цел глас, а во еден момент неа ѝ испаднала јакната која се наведнала да ја земе.

Кон крајот на видеото тој ѝ се внел во лице, а потоа продолжиле по својот пат.

Полицијата неколку пати реагирала во нивниот стан поради пријави за бучава, расправии и викање, пишува „Пинк.рс“.

Слични содржини