Расчистени три кражби, еден од арамиите се барал за издржување затворска казна

од Nikola Popovski

Денеска (17.02.2023) во 11.15 часот на ул.„Вера Радосавлевиќ“ во Скопје, полициски службеници од ЕВР Гази Баба ги лишиле од слобода Х.С.(58) од Гостивар, со престој во с.Арачиново, скопско и В.А.(57) од с.Арачиново.

Тие биле затекнати при извршување кражба. По преземени мерки било утврдено дека денеска тие извршиле три кражби, кои се расчистени. Исто така, по извршени проверки било констатирано дека Х.С. бил баран за издржување затворска казна.

Тој ќе биде спроведен во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Слични содржини