Русија денес е поопасна отколку за време на Студената војна, смета поранешниот генерален секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен.

расмунсен

“Денешна Русија комбинира методите на вообичаената војна со други, како пропагандни кампањи и масовна дезинформација. На јавното мислење се делува преку финансиски врски и преку политичките партии”, истакнува Расмусен во интервју за списанието. Newsweek.

“Свесни сме дека Русија сочувствува со националистичките партии и левичарски влади на такви во земји како Грција, Унгарија, Бугарија и Франција. Специјално Грците си играат со оган. Москва, сепак не може економски да ја спаси Грција, бидејќи самата Русија страда од санкциите. Грција може да биде спасена само од Запад “.

“Русија покажува заби на различни начини. На пример, преку почестото споменување на нејзиниот нуклеарен арсенал. Дури и во советско време не беше така. Дури тогаш Москва не се решаваше да зборува за нуклеарен конфликт. А сега сме сведоци на отворено дискутирање на прашањето” .

“Во однос на ова денешна Русија претставува поголема опасност отколку што претставуваше СССР за време на Студената војна. Советскиот Сојуз беше предвидлив отколку денешното руско раководство”, смета поранешниот генерален секретар на НАТО.

Слични содржини