Расте бројот на заболени, после викендот можни се краткотрајни затворања

од Берта Китинска

Бројот на заболени и починати секојдневно расте, властите велат дека во наредните две недели ќе се види ефектот од донесените мерки.

– Очекуваме дека пред нас е период, во следните недела до две, во коијшто дефинитивно ќе ги видиме ефектите од рестриктивните мерки. Очекуваме бројот на новодијагностицирани пациенти во тој период да се стабилизира и за во тој период после тоа бројката да се намалува, изјави министерот за здравство Внко Филипче.

Филипче информира дека се уште е поголем бројот на болни пациенти кои се хоспитализираат, од оние што се испишуваат од болниците. На интерните клиники има околу 100 – 120 слободни кревети со кадар кои секој момент може да згиржат ковид

Водено тој додаде и дека поставувањето на КОВИД-центрите ќе зависи од подготвеноста на локалните власти. Постапката во проектната единица на Светската банка заврши, сега се потпишуваат договорите и почнуваат подготвителните работи.

Комисијата за разгледување на нови дополнителни мерки ќе одлучува на состанокот в понеделник, за да се даде време да се утврди дали мерките кои се веќе на сила даваат резултат.

-Комисијата ја следи епидемиолошката ситуација и доколку е потребно после викеднот ќе препорача дополнителни рестриктивни мерки, како целосно затворање на некои економски оператори и ограничување на движењето дали во текот на едно деноноќие, во попладневните часови или за време на викенд, велат од министерствот за здравство.

Министерот за најави дека сите здравствени работници кои биле вклучени во битката со Ковид-19 ќе добијат од владата награда во следните месеци.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 44898, бројката на оздравени пациенти е 26289, на починати е 1263, а бројот на активни случаи изнесува 17346.

 

Слични содржини