Рецепт за домашно рафаело

од Stefanija Kuzmanovska

Десерт со јагоди кој ќе ве воодушеви.

Состојки:

– 200 гр сечкано бело чоколадо

– 100 мл слатка павлака

– 100 гр кокосово брашно

– 50 гр крем сирење

– 5 јагоди со средна големина

– 50 гр кокосово брашно – за валкање на бомбиците

Подготовка:

Измијте ги, исчистете ги и исечкајте ги претходно изладените јагоди на ситни парчиња.

Загрејте ја слатката павлака на средна температура додека не зоврие, па прелијте ја врз сечканата чоколада. Мешајте додека смесата не се изедначи.

Измешајте ги кокосовото брашно и крем сирењето и покријте ја смесата со пластична фолија. Смесата ставете ја во фрижидер еден час.

Со лажица земете од претходно подготвената смеса, во средината на сплесканото парче ставете парче јагода. Со раце формирајте топче и валкајте ја во кокосово брашно.

Бомбиците ставете ги во фрижидер и извадете ги 10 минути пред да ги послужите за да омекнат.

Слични содржини