Реџепи: Ќе си заминам од Алтернатива доколку гласаат за недоверба на Владата заедно со Левица

од Nikola Popovski

Пратеникот на Алтернатива, Скендер Реџепи – Зејди смета дека има има разлика меѓу поранешниот и актуелниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

-Мицкоски е подобар. Има разлика од ВМРО на Груевски. Треба уште време да биде целосно реформирана партија. Соработката со нив ни изгуби 27.000 гласови и за тоа треба да се побара одговорност во партија, вели Реџепи во емисијата „Клик плус“.

Според него, доколку неговата партија Алтернатива одлучи да гласа за недоверба на Владата заедно со Левица, тој ќе ја напушти партијата.

-Доколку се одлучат за такво нешто, тогаш мојата одлука ќе биде сигурно напуштање на партијата, а можеби дури и да го вратам пратеничкиот мандат, истакнува Реџепи.

Слични содржини