Референдумот во фокус на лидерската средба

од Vladimir Zorba

Прашањето за референдумот ќе биде главната тема на лидерската средба закажана за 18 часот.

На сосостанокот на кој осевн лидерската четворка, ќе бидат присутни и сите паралaменарни партии кои во законодавниот дом, имаат по два пратеника, а на маса ќе се најде и темата предвремени избори.

Премиерот Заев пред сосостанокот  порача дека  очекува од сите како што рече да се одважат на патот кон Европската унија и НАТО, за да се реализира ветеното за кое како политички партии претходно се договориле, пренесува 24 вести.

„Испразнетиот ДИК поради оставките да го пополниме и заедно објавивме по една лидерска средба дека е постигнат ваков договор и законот е донесен во мај и треба да го реализираме. Државата нема ДИК од крајот на минатата година и тоа треба да о завршиме.“ – изјави Зоран Заев – премиер.

Конструктивност од опозицијата побара и коалицискиот партнер на Заев – Али Ахмети. Тој пак дециден,  договорот со Грција мора до крај да се спроведе, а референдум без ДИК вели не може да има. Ахмети со порака -предвремени избори не се  опција за македонските евоинтеграции.

„Не мислам дека изборите се решение, а без ДИК не може да организираме референдум.“ – изјави Али Ахмети – претседател на ДУИ.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ пак како што објави вчера тв 24 ќе прсуствува на лидерската средба.

Слични содржини