Ременски: Не смее да се доделува овластување на лица, кои не се со закон овластени, да легитимираат граѓани

од Vladimir Zorba

„Келнер или сопственик на локал може да побара лична карта од лице само ако се сомнева дека станува збор за малолетник кој нарачува алкохол Во ниту еден друг случај!“, вели потпретседателка на СДСМ, Фросина Ременски, во пост на Фејсбук го истакна својот став за мерката која предизвика и реакции во јавноста, според која во повторно отворените угостителски објекти во земјава, се предвидува вработени во локалите да можат да бараат идентификација од гостите за да потврдат дека се од исто семејство.

„Со протокол не може и не смее да се доделува овластување на лица кои не се со закон овластени да легитимираат граѓани ! Со вака доделеното овластување за легитимирање и идентификација на лица и релации (сродство) со протокол можат да се прекршат повеќе права на граѓаните за цели кои можат да бидат непознати ! Мора да се преиспита и да корегира ова“, посочува таа.

Слични содржини