Ретроградниот Меркур на многумина ќе им ги замрси сметките: Овој хороскопски знак ќе биде под најголем удар

од Stefanija Kuzmanovska

Многу интензивната ретроградност на Меркур започнува на 23 август и завршува на 15 септември, а ниту еден знак нема да биде поштеден од неговото влијание.

За сите оние кои сакаат да ги слушаат советите на астролозите, добро подгответе се бидејќи на 23 август започнува ретроградниот Меркур кој ќе ги замрси сметките на многу знаци.

Девицата ќе биде под најголемо влијание, особено во делот на бизнисот и финансиите. Доколку се чувствувате уморни и дезориентирани во наредниот период, голема е веројатноста тоа да се должи на влијанието на ретроградниот Меркур.

За повеќето знаци, ќе има „комуникациска криза“, а може да има и мешање во смисла на погрешно протолкувани пораки.

Со оглед на тоа што ретрограден Меркур сега почнува во Девица, променлив земјен знак поврзан со логика, напорна работа, здравје, анализа, компетентност и интелигенција, доаѓа и до такви промени во животниот стил. Иако Меркур технички владее со Девицата, што намалува дел од негативното влијание, можете да очекувате дека ова искуство ќе ве принуди да се вратите на основите и повторно да го изградите вашиот Универзум.

Време е работите да ги направите поефикасни и подобро организирани бидејќи Девицата копнее за значајност.

Овој ретрограден Меркур се очекува да има најголемо влијание врз областа на патувањето, образованието и начинот на кој се препуштаме на искуства бидејќи започнува на 21 степен (степен на Стрелец). Предизвикува глад за знаење, па за време на оваа ретроградност ќе можете да се одвоите од надворешниот свет и да најдете пат до своето внатрешно јас.

На самиот крај ве очекуваат интензивни емоции и изливи на страст, а поради осмиот степен на Скорпија ќе се најдете очи во очи со тајна која може да ви го промени животот. Може да очекувате да излезат на површина некои потиснати информации, да се разоткријат лагите и конечно сè да стане јасно. Иако некои сознанија може да наштетат, треба да бидете смирени и да ги отворите очите и да ги гледате работите реално, пишува Story.

Слични содржини