[РЕЦЕПТ] Чорба со грашок, печурки и моркови

од Vladimir Zorba

Состојки:
За 4 порции:
една конзерва грашок или свеж – 400 г
мали морковчиња (може да се искористат и замрзнати) – 5-6 парчиња
печурки – 10 парчиња
стар кромид – 1 глава
2-3 суп. лаж. масло
1 суп. лаж. брашно
сол по вкус
по желба – копар

30028cd8fab285c18326c41d1630d5a9Подготовка:
Исчистете го зеленчукот. Во тенџере загрејте масло и пржете ги 2-3 минути печурките цели. Додадете го за минута и сецканиот кромид.
Полејте со околу 1 чаша вода и додадете грашок и моркови. Оставете јадењето да врие на среден оган околу 40-45 минути. На крајот извадете дел од сосот и измешајте со брашното. Вратете во тенџерето и мешајте.

Додаде сол и по желба копар.

Добар апетит!

Слични содржини