[РЕЦЕПТ] Посно чили со грав

од Vladimir Zorba

Состојки:
1 голема главица кромид
3 чешниња лук
масло
2 лажици доматно пире
1-2 пиперки
2 страка целер
200 гр свежи печурки по ваш избор
35 г микс зачин за чили
1/2 чаша вода
420 г грав од конзерва – бел или црвен
2 х 400 г конзервирани и исецкани домати
сол и бибер по вкус
1da8c1e48b272d8287111f82634faf93Подготовка:
Во длабок сад загрејте масло и пропржете ги во него лукот и кромидот. Потоа додадете доматно пире, исечени пиперки, целер, печурки, мешавината од зачини и вода.

Промешајте и по 5 минути додајте ги исцедениот грав и доматите. Намалете ја топлината и гответе за околу 30 минути. Конечно Зачинете со сол и црн пипер. Послужете со гарнир од варен ориз.

Слични содржини