Роднина на убиениот полицаец: Курти да се вклучи во преговори и да не ја користи полицијата

од Vladimir Zorba

Семејството на убиениот припадник на косовската полиција го повика премиерот на Косово, Албин Курти да се вклучи во преговорите со Белград и да не ја користи косовската полиција за тие цели.

„Го повикувам премиерот на Косово да се вклучи во преговорите, да се воздржи од употреба на полицијата на Северот и да спречи понатамошни загуби на животи“, изјави Артон Бунџаку, роднина на убиениот полицаец, пренесува порталот „Економија онлајн“.

Тој додаде дека веста ја добил околу пет часот наутро од косовската полиција и дека целото семејство било шокирано.

„Знаеме каква е ситуацијата на северот. Се молиме вакви случаи да не се повторат“, рече Бунџаку.

Рано утринава на влезот во селото Бањска кај Лепосавиќ дошло до инцидент во кој загинал еден припадник на косовската полиција, а друг е ранет, а Курти за ова го обвини официјален Белград, тврдејќи дека тој ги финансира и раководи нападите.

Слични содржини