Роналдо: Ги почитуваме Македонците, но веруваме во себе

од Nikola Popovski

Репрезентативецот на Португалија, Кристијано Роналдо, по победата против Турција од 3:1 и пласманот во финалето од квалификациите за Светското првенство, истакна дека неговата репрезентација мора да остане фокусирана.

Последна пречка на патот кон Катар ќе биде македонската репрезентација која во Палермо ја елиминира Италија.

„Направен е првиот чекор кон нашата голема цел, кон Светското првенство 2022. Ништо не е освоено, ништо не е постигнато. Мора да продолжиме да работиме сериозно и фокусирано, го почитуваме противникот, но секогаш да веруваме во нашите способности. Напред Португалија! Одиме во Катар“, изјави Роналдо.

Селекторот на Португалија, Фернандо Сантош, по натпреварот истакна дека неговите избраници мора да бидат внимателни бидејќи „веќе загубија едно финале во кое мислеа дека ќе победат“.

Слични содржини