Русија пред ОН претстави докази за злосторства извршени од украински војници

од Nikola Popovski

РУСКИ дипломати презентираа докази за злосторства извршени од украински војници и екстремистички формации на неформална седница на Советот за безбедност на ОН.

Рускиот претставник во ОН, Василиј Небензја, изјавил дека украинските власти и нивните западни спонзори не сакаат да ја видат вистинската ситуација.

Тој посочил дека вооружените сили на Украина распоредуваат тешка воена опрема во населени места и користат цивили како жив штит, што е кршење на меѓународното хуманитарно право, пренесува „Спутник“.

– Има причини да се верува дека украинската армија и паравоените сили систематски ги прекршуваат сите овие принципи. Многу очевидци сведочат дека украинската армија користи цивили како заложници и жив штит, рече Небензја.

На состанокот била претставена шемата за тоа како украинските војници ги распоредуваат своите позиции покрај куќите и цивилните згради.

Според Небензја, на приземјето има тенкови, во средината цивили, а на горните катови и на покривот се распоредени снајперисти, војници со преносливи ракети земја-воздух и тешко вооружување.

Руските дипломати покажале снимки од цивили кои зборуваат за тоа како успеале да ја напуштат воената зона. Според нив, украинските војници пукале во автомобили во кои луѓето се обидувале да се евакуираат преку хуманитарни коридори.

Во едно видео, жената категорично ја негирала вмешаноста на руската армија во нападот на театарот во Мариупол.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, претходно изјави дека сите вклучени во тортурата на руските затвореници ќе бидат пронајдени и изведени пред лицето на правдата.

Слични содржини