Актуелно
Почетна / TOP NEWS / Русија се согласи да го намали производството на нафта за 14 проценти

Русија се согласи да го намали производството на нафта за 14 проценти

Како дел од договорот постигнат со земјите на ОПЕК, Русија изрази подготвеност да го намали производството на нафта за 14 проценти, или 1,6 милиони барели на ден, изјави во средата неименуван официјален претставник од руското Министерство за енергија.

„Ја потврдувам нашата подготвеност да го намалиме производството на руска нафта за 1,6 милиони барели на ден“, рече официјален претставник на Кремљ, јавува Танјуг, повикувајќи се на агенцијата ТАСС.

Според некои извори, во новиот договор се вклучени и Соединетите држави, Мексико, Норвешка, Канада и други земји и се предвидува договорот да го намали глобалното производство за 70 милиони барели на ден.

Во четврток се очекува да се одржи видео сесија за падот на светското производство на нафта на земјите од ОПЕК.

Рускиот претседател Владимир Путин порано изјави дека Москва е подготвена да го намали производството на нафта само доколку другите светски производители на нафта, вклучително и САД, се согласат да го сторат истото.

Претходниот договор според ОПЕК истече на 31 март, но Русија и Саудиска Арабија не постигнаа договор да го продолжат.

Поради неуспешните преговори за продолжување на претходниот договор, земјите од ОПЕК го зголемија своето производство по инерција.

Во моментот на ширење на коронавирусот во светот и падот на побарувачката за нафта на светските пазари, цената на нафтата за барел се спушти на 22 американски долари, што е најниско во последните две децении.

Продолжувањето на преговорите беше договорено на крајот на март и беше испратена покана до сите земји што произведуваат „црно злато“ да им се придружат.

loading...