Руски трговец со оружје, неговиот син и група компании на списокот на санкции на САД

од Nikola Popovski

Рускиот трговец со оружје Игор Зименков, неговиот син, група компании со седиште во земјите од Азија, Европа и Блискиот Исток, како и нивниот менаџмент се најдоа списокот на американскит санкции кои имаат за цел да ја намалат способноста на Русија да набави оружје.

Зименков, неговиот син и компаниите собрани во „Мрежата Зименков“, меѓу кои и оние од Сингапур, Кипар, Бугарија и Израел, беа идентификувани од Министерството за финансии на САД и ставени на списокот за казнени финансиски мерки.

Во денешното соопштение за медиумите, Министерството именува 22 лица и организации како дел од мрежата преку која рускиот воено-индустриски комплекс ги заобиколува санкциите. Исто така, објавено е дека во текот на изминатата година, Министерството ставило повеќе од 100 лица и ентитети на казнениот список за заобиколување на меѓународните санкции и извозните контроли наметнати на Русија.

Русија собира сили во окупираната област Луганск во источна Украина, а Киев смета дека тоа е подготовка за можна офанзива во наредните недели. Украина се бори за дополнителна воена помош од Западот додека се обидува да ги одврати нападите на многу побројните руски сили.

САД, Германија, Велика Британија и некои земји од Европската унија ветија дека ќе испратат моќни видови на тенкови во Украина.

Слични содржини