Рускиот амбасадор во САД: Сите се уморни од киевскиот просјак

од Stefanija Kuzmanovska

Посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски на САД се покажа како залудна, бидејќи тој не успеа да го убеди Вашингтон дека Украина е поважна од безбедноста на самата Америка, изјави рускиот амбасадор во САД, Анатолиј Антонов.

„Ова беше празен обид да се покаже дека Украина е поважна од безбедноста на САД. Сите се уморни од киевскиот просјак“, рече тој.

Според рускиот амбасадор, натамошните антируски санкции и испорака на оружје нема да му помогнат на Киев, пренесува ТАСС.

„Ништо повеќе не може да му помогне на Зеленски. Сепак, Американците ризикуваат да бидат заглавени сè подлабоко во мочуриштето на украинскиот конфликт“, рече тој, пренесува „Срна“.

Антонов нагласи дека никакви санкции не можат да ги променат надворешно-политичките приоритети на Русија.

Слични содржини