Рускиот лек против ковид 19, пред втората фаза на тестирање: Ќе биде регистрирана оваа година

од Берта Китинска

Руската Федерална медицинска и биолошка агенција се надева дека нејзиниот лек против коронавирусот „Мир-19“ ќе биде регистриран оваа година, изјави директорот на Институтот за имунологија при таа агенција, Муса Хаитов.

Хаитов, кој е член на Руската академија на науките, му рече на Раша Тудеј дека ефикасноста на лекот ќе се изучува во текот на втората фаза од испитувањето.

– Ние ќе вложиме максимални напори да започнеме со втората фаза што е можно поскоро, и ги има сите предуслови за тоа, бидејќи лекот се покажа како многу ефикасен за време на фазата на претклиничко испитување. Ќе го регистрираме веднаш штом ќе заврши втората фаза, се надевам дека оваа година – потенцираше Хаитов, а пренесува Танјуг.

Според него, резултатите од тестовите ќе бидат објавени и во Русија и во странство, пренесува агенцијата ТАС.

Директорката на агенцијата Вероника Скворцова претходно изјави дека рускиот лек „Мир-19“ се базира на микро рибонуклеинска киселина (РНК), која блокира одредени делови на вирусна РНК.Според Скорчова, првата фаза од клиничките тестови се очекува да заврши до средината на март.

Слични содржини