Руското Министерство за здравство: Објавен списокот на лекови за третман на пациентите со коронавирус

од Nikola Popovski

Руското Министерство за здравство ја ажурираше својата петта верзија со упатства за превенција, дијагностицирање и третман од Ковид-19. Списокот на можни лекови за третманот кај возрасните исто така е проширен, се вели во документот објавен на веб-страницата на Министерството.

Во согласност со препораките, следниве лекови може да се користат за време на лечењето од коронавирусот: хидроксихлорохин, хлороквин, мефлокин, азитромицин, тоцилизумаб, надропарин калциум, лопинавир плус ритонавир, рекомбинантен интерферон бета-1б и рекомбинантен интерферон алфа.

Според потврдени податоци, овие лекови можат да се користат и во третманот на пациенти заразени со коронавирус.

Сепак, податоците за резултатите од терапијата со овие лекови не ни дозволуваат да дојдеме до недвосмислен заклучок за нивната ефикасност или неефикасност. Во овој поглед, нивната употреба во лекувањето е дозволена по наредба на медицинскиот комитет со одреден редослед, доколку потенцијалната корист за пациентот го надминува ризикот од неговата употреба.

Исто така, наведени се и три други лекови – умифеновир, ремдесивир, фавипивавир кои се подложени на клиничко тестирање.

Петтата верзија на документот, исто така, содржи препораки за редоследот и принципите на организација на итната и специјализирана медицинска нега во медицинските установи и дома.

Прес-службата на Министерството посочила дека препораките вклучуваат најефикасни методи за превенција, дијагностицирање и третман на коронавирусот, како и технологија за заштита на медицинскиот персонал.

Според најновите информации, во Русија има 10.131 позитивни случаи во 81 регион,  76 пациенти починале, а 698 лица се излечиле.

Слични содржини