Русковска: ОЈО има неспорни докази, Ристовски и Јанакиески се едни од главните организатори

од Берта Китинска

Обвинителката Вилма Русковска по завршување на судењето за настаните од „27 април” рече дека обвинителниот акт не е комплетно изменет.

-Измените се само во делот на дејствијата на обвинетите Спиро Ристовски и Миле Јанакиески. Тие измени се направија бидејќи произлегле од одбраната на обвинетите, а се однесуваат на тоа дека ОЈО има неспорни докази дека тие од првиот момент се едни од главните организатори на протестите на „За заедничка Македонија“, а сето тоа е за да се оневозможи избор на претседател на Собрание. Не ми е јасно зошто одбраната бараше одложување на завршните зборови кога измената на обвинителниот акт се однесуваше на нивните завршни зборови, рече Русковска.

Во однос на тоа зошто во завршните зборови не беше спомена и поранешната министерка за култура, Елизабета Канческа-Милевска Русковска рече дека тоа е така бидејќи освен тоа дека ангажирала уметници за на протестите, не се обезбедиле никакви докази за сторено кривично дело.

Слични содржини