САД: Евакуиравме 2.500 Американци од Кабул

од Nikola Popovski

САД евакуираа 2.500 свои граѓани од Кабул минатата недела, изјавија денеска високи американски претставници, додавајќи дека Вашингтон се бори со „времето и просторот“ за да ги извлече луѓето од Авганистан.

Генерал-мајор Вилијам Телор од Пентагон изјави дека досега од Кабул биле евакуирани 17.000 луѓе, меѓу кои 2.500 Американци.

Портпаролот на Пентагон, Џон Кирби, изјави дека нема „точна бројка“ за тоа колку Американци останале во Кабул и Авганистан.

„Се бориме против времето и просторот. Тоа е трката во која сме сега. Се обидуваме да сториме се што е можно побрзо и посигурно“, рече Кирби.

Тој одби да ја опише „динамиката на закани“ во Кабул, но ја нарече безбедносната ситуација „променлива и динамична“ и нагласи дека целта на САД е „да се извлечат што е можно повеќе луѓе“.

Генералот Тејлор додаде дека 3.800 луѓе биле евакуирани со помош на американската армија и чартер летови од Кабул во претходните 24 часа.

Слични содржини