САД ѝ испраќаат на Украина нова воена помош во вредност од 775 милиони долари

од Stefanija Kuzmanovska

Соединетите Американски Држави ќе испратат на Украина нова воена помош вредна 775 милиони долари, која ќе вклучува најмалку 10 дронови за надзор, објавија денеска АП и Ројтерс, повикувајќи се на неименувани американски претставници.

Официјални лица велат дека најголемиот дел од помошта ќе се состои од дополнителни хаубици и муниција, вклучително и проектили Javelin, пренесува „Гласот на Америка“.

За време на речиси шестмесечниот конфликт во Украина, САД веќе испратија во Киев вооружени системи, муниција и друга опрема во износ од девет милијарди долари.

Слични содржини