Испораките на руски анти-авионски-ракетни комплекси С-300 за Иран нема да влијаат на способноста на САД да ја погодат нуклеарните инсталации на Техеран со воздушни напади, ако е потребно. Тоа го изјави на прес-конференција американскиот генерал Мартин Демпси, претседател на Здружениот штаб на вооружените сили на САД.

US Senate Budget Committee hearing on President Obama's fiscal year 2014 Defense budget request

Го знаеме потенцијалот на овој систем , кој ќе биде продаден на Иран и сме ги  зеле предвид во сите наши планови, истакна тој.

САД со години одбиваат,  ако дипломатијата не успее, да ја отфрлат можноста за воена акција со цел запирање на Иран да се здобие со нуклеарно оружје. Демпси истакна дека воената опција нема да биде нарушена од донесеното  оваа недела руско решение да се доставуваат такви воени комплекси на Иран.

Воената опција се задржува , појасни тој.

Генералот додаде дека САД не се изненадени од одлуката. Москва ја зеде својата одлука врз основа на прогресијата на преговори меѓу Иран и светските сили за нуклеарната програма на Техеран.

Израел  ги осуди активностите на Русија, а Вашингтон изрази загриженост. Иран ја поздрави одлуката како чекор кон”долготрајна безбедност” во регионот.

Техеран најави дека Русија може да достави такви системи најрано кон крајот на 2015 година. Во моментов персиската држава нема модерна противвоздушна одбрана , која може да се спротивстави на борбените авиони на САД и Израел.

С-300 детектира и уништува балистички ракети, ракети и авиони на ниска височина. Иако С-300 ќе придонесе многу за одбрана на Иран, не е јасно дали ракета од системот може да ги порази американски борбени авиони Ф-22 и бомбардерите, велат експертите.

Во 2007 година Иран и Русија потпишаа договор за купување на такви системи за 800 милиони долари, но Москва ги блокира поради меѓународен притисок.

Слични содржини